Карло Велики (лат. Carolus Magnus, герм. Karl der Grose, фр. Charlemagne е роден на 2 април 742 година а умира на 28 јануари 814.
Тој е франкиски крал и цар на Светото римско царство. Негов татко бил Пипин
Кусиот (752-768) а мајка Бертранда од Лаон. Бил франкиски крал од 768 година ,
крал на Италија 774, а од 800 година станал првиот император во Западна Европа
по распадот на Западната Римска империја два века претходно. Проширената
Франкиска држава кој ја основал е наречена Каролиншка Империја.
Како најстар син на Пипин
Кусиот и Бертранда од Лаон, по смртта на неговиот татко станал крал на Франките.
Тој бил совладетел со неговиот брат Карломан I. По ненадејната смрт на Карломан I
во 771 година под необјаснети околности тој станал
неприкосновен владетел на Франкското кралство. Карло ја продолжил политиката на
неговиот татко кон папството и станал негов заштитник, ја отстранил моќта на
Лангобардите во северна Италија и водел походи кон муслиманска Шпанија.Тој исто
така водел воени кампањи против народите на исток од неговото кралство,
христијанизирајќи ги насилно.
Врвот на својата моќ ја
достигнал 800 година кога бил крунисан за император од папата Лав III на божиќ во старата базилика на св.Петар во Рим.
Уште нарекуван и "татко на Европа" (Pater Europae), Карло Велики го обединил поголемиот дел од Западна Европа
за прв пат по падот на Западното Римско царство.Неговото владеење бил поттик за
Каролиншката ренесанса (период на културна и интелектуална активност во
католичката црква). И Германската и Француската монархија ги сметале нивните
кралства како наследници на империјата на Карло Велики.
Карло Велики умрел во 814
година, владеел како император 13 години а ја добил и титулата Август.Местото
каде што почива е во Ахен денешна Германија.По неговата смрт бил наследен од неговиот
син Лудвиг Благочестивиот.
Карло Велики
Карло Велики бил
најстариот син на Пипин Кусиот (роден 714 владеел од 751-768) и Бертранда од Лаон.Според записите тој имал брат кој
се викал Карломан и сестра која се викала Гизела и три други браќа и сестри кои
живееле кратко.
Местото на неговото раѓање
не е познато но се претпоставува дека било во Ахен денешна Германија или Лиж
Херестал во денешна Белгија. Како и да е и двете места се во регион од каде што
и Меровиншката и Каролиншката династија потекнувале.
За неговото детство и
раниот живот не постојат извори.Ајнхард кој е еден од двајцата автори кои
пишуваат биографија за него, го опишува Карло како човек со средно висок раст,
моќно граден со дебел врат и длабоки гради. Имал црвена коса и сини очи, бил
силен и издржлив човек.Типично за Франките и тој бил вљубеник во ловот и
големите гозби, но бил умерен во пиењето, со оброкот пиел по едвај 3 чаши вино.
Карло бил амбициозен крал
агресивен и безмилосен. Не бил вешт војсководец, но бил истраен во воените
кампањи што ги водел па често го истоштувал непријателот преку чиста сила. Една
од неговите најзначајни карактеристики била неговата физичка енергија. Ајнхард
забележува дека Карло работел подолго и понапорно од неговите команданти или
неговите секретари.
Тој не бил интелектуалец
но бил остроумен. Тој бил покровител на научниците и многумина од нив ги довел
на својот двор.
Сите овие достигнувања
создале широка мрежа на лојалност, а многу обожаватели имал во Црквата и кај
неговото благородништво.Неговите непријатели се плашеле од него и од неговите
армии. Немал голема послушност меѓу неговите вазали но ниту еден не му пркосел
долго.
Карло имал една друга
доблест која била неопходна за еден крал да се нарече Велики а тоа е долгиот
живот.Владеел со Франките од 768-814, градејќи империја која ќе биде модел за
многу амбизиозни монарси после него.
Покорувањето на Лангобардите
Лангобардите се преселиле
во Италија во доцните 500-ти години, го уништиле она што останало од кралството
на Готите и воспоставиле своја власт. Владееле со Северна Италија во следните
два века, се додека Карло не завладее со нив.
По доаѓањето на папскиот
престол, папата Адријан I го побарал враќањето на извесни градови во поранешниот Равенски егзархат
во согласност со ветувањето на Дезидериј по неговото доаѓање на власт.
Дезидериј зазел некои папски градови и покренал инвазија кон Пентаполисот (
пента-пет , полис-град ) каде спаѓале градовите: Римини, Пезаро, Фано,Сенигалија и Анкона, и тргнал кон
Рим. Истата есен папата Адријан I испратил пратеници кои побарале од Карло да ги спроведува
политиките на татко му ,кралот Пипин. Дезидериј пак испратил свои претставници
кои го негирале обвинувањето од папата. Двете страни се сретнале во Тионвил, а
Карло се држел кон страната на папата. Карло побарал барањето на папата да се
исполни, а пак Дезидериј се заколнал дека нема никогаш да се сложи со тоа.
Карло и неговиот чичко Бернард ги преминале Алпите во 773 и ги бркале
Лангобардите се до градот Павиа, каде што поставиле опсада на градот.
Привремено опсадата била крената кога Карло се соочил со Адалгис, син на
Дезидериј кој што собирал армија кај Верона. Карло го бркал Адалгис до
Јадранското крајбрежје, а Адалгис избегал за Констрантинопол да бара помош од
Константин V, кој
пак водел војна со Бугарија. Опсадата траела до пролетта 774 година кога Карло
се упатил на посета кај папата во Рим. Таму тој ги потврдил доделувањата од
неговиот татко Пипин, а за возврат тој ја добил титулата патрициј. Потоа тој се
вратил кон Павија, Лангобардите летото ги отвориле вратите, а во замена тој им
ги поштедил животите. Дезидериј бил испрател во манастирот Корби во Северна
Франција, а неговиот син Адалгис умрел во Константинопол како патрициј. Карло
со железната круна на Лангобардите се крунисал за крал на Лангобардите, а само
војводата Арехис II од Беневент одбил да се покори и прогласил независност.
Го напуштил градот Павија оставајќи свој гарнизон во градот.
Во 776 година Војводата
Хродгауд од Фрули и Хилдепранд од Сполето се побуниле. Карло кој се наоѓал во
Саксонија се вратил и го победил војводата Фрули каде што и загинал. Војводата
од Сполето потпишал договор за мир.Сега Карло го свртел своето внимание кон
херцогството Беневент каде што Арехис владеел независно. Карло го опсадил
Салерно и Арехис се покорил кон вазалство. По смртта на Арехис 792 година,
Беневент повторно прогласил независност на чело со Гримоалд III син на Арехис. Гримоалд неколкупати бил нападнат од
војските на франките, но Карло никогаш повторно не се вратил во Јужна Италија,
а Гримоалд никогаш не бил принуден да им се потчини на Франките.
Покорувањето на Саксонија
Приказната за Саксонија е
прилично различна од онаа на Лангобардите. Саксонија која се наоѓа во
северозападниот дел на денешна Германија и делови од Холандија, сеуште бил под
владенија на Саксонците, кои останале пагани. Тие биле полу - номадски народи
кои делумно живееле од постојаните напади кон земјоделските заедници, и биле
трн во окото на Карло.
Така во 772 година тој
одлучил дека е во заеднички интерес на кралството и црквата да се направи нешто
во врска со Саксонците. Така тој собрал армија,тргнал кон Саксонија и ја
победил армијата која го чекала на бојното поле.
Германските Саксонци биле
поделени во 4 региони. Најблизу до Австразија била Вествалија а најдалечна
Иствалија, а помеѓу нив биле Енгрија а најсеверно на полуостровот Јутланд,
Нордалбингија.
Во неговата прва кампања, Карло
ги победил Енгријците во 773 ги покорил и им го исекол светото дрво Ирминсул,
близу градот Падерборн. Кампањата била прекината поради експедицијата во
Италија.Во 775 година тој повторно тргнува во нова камппања кон Вествалија преминал во Енгрија и таму
повторно ги победил Саксонците. Конечно во Иствалија победил голема Саксонска
војска, а нивниот лидер Хеси бил преобратен во Христијанин. Оставил гарнизони
во најважните бастиони на Саксонците во Зигибург и Ересбург. Скоро цела
Саксонија била освоена освен Нордалбингија, но Саксонскиот отпор не запрел.
По кампањата во Италија за
покорување на херцозите на Фрули и Сполето, Карло брзо се вратил во Саксонија и
во 776 година задушил востание близу неговата тврдина во Ересбург. Саксонците
уште еднаш биле клекнати на колена но нивниот главен водач Видукинд успеал да
избега во Данска, домот на неговата жена.
Таму гради град кој го нарекол Карлштад (Карлов град) а голем број од
Саксонците биле покрстени во Христијанството.
Се вратил во Саксонија 782
година каде вовел кодекс на законот. Овие закони биле драконски за религиозните
прашања, како на пример законот кој налагал секој паган кој ке одбие да се
покрсти да биде убиен. Повторно бил оживеан стариот конфликт. Есента истата
година Видукинд се вратил и покренал нов револт. Како одговор на тоа Карло
наредил да бидат убиени 4500 Саксонци, познат како
"Вердунскиот масакр". Убиствата биле причина за нови периоди на крвопролевање
кои траеле од 783-785. За време на оваа војна Фризијците конечно биле покорени
а Видукинд се предал ви замена за гаранција дека нема да му се нанесе никаква
телесна болка.Тој и неговите сојузници биле покрстени во близина на Атињи.
Мирот се одржал 7 години
но во 792 Вествалците се кренале уште еднаш против нивните освојувачи,
Иствалците и Нордалбигијците им се придружиле во 793 но бунтот бил задушен 794
година. Конечно во 804 година било задушено и последното востание, 30 години по
првата кампања на Карло против Саксонците.
Војната со Маврите
Освојувањето
на Италија го довел Карло во контакт со Сарацените, кои во тоа време имале
контрола на Медитеранот.Карло ги освоил Корзика и Сардинија а во 799 и
Балеарските острови. Островите биле повремено напаѓани од Сараценските пирати
но грофовиите на Џенова и Тоскана не дозволиле островите да бидат освоени
бидејќи големи флоти ги бранеле истите, па островите не биле освоени се до
крајот на владеењето на Карло. Карло можеби и дошол во контакт со дворот на
калифатот во Багдад. Во 797 или 801
калифот на Багдад Харун ал Рашид му поклонил бел Азиски слон и часовник.
Во
Шпанија пак војната борбите против Маврите продолжиле со несмалено темпо и во
текот на втората половина од неговото владеење. Команда на граничните армии
имал неговиот син Луј. Во 785 година Франките ја освоиле Гирона и ги прошириле
своите територии се до Каталонскиот брег а истата останала во владение на
Франките и по смртта на Карло односно до 1258 година. Муслиманските големци во
североисточниот дел на исламска Шпанија постојано биле во борба со власта во
Кордоба и честопати барале помош од Франките. Границите на Франките постепено
се ширеле се до 795 кога Гирона, Кардона, Арсона и Ургел биле обединети во
новата Шпанска Марка во рамките на старото војводство Септиманија.
Во 797
најголемиот град во регионот Барселона, паднал во рацете на Франките кога
гувернерот на градот Зеид се побунил против власта во Кордоба и градот го
предал на Франките. Омеидите успеале да го освојат во 799. Луј од Аквитанија ја
повел целата своја армија преку Пиринеите и две години го држел градот под
опсада, презимувајќи од 800 - 801 кога впрочем капитулирал градот.Во 809 година
била освоена Тарагона а во 811 и Тортоса.
Последните
освојувања на Франките ги довеле до устието на реката Ебро каде што им се
отворил патот за Валенсија и побарале од емирот Ал Хакам I да ги признае освоените територии во 812 година.
Тука
настанува и најстарото зачувано Француско дело "Песната
за Роланд". Поемата се базира на битката кај
преминот Ронсевал на Пиринеите на 15 Август 778 година кога Карло бил победен
од војводата на Васконија.
Кампања против
Аварите
Во 788 година Аварите ги нападнале Фрули
и Баварија, па така во 790 година Карло ги повел војските по течението на Дунав
и ја опустошил целата Аварска територија се до градот Ѓер. Лангобардска армија
под команда на Пипин тргнала по долината на Драва и ја опустошила територијата
на Панонија. Кампањата била прекината поради бунтот на Саксонците кои го
прекршиле мирот кој траел 7 години.
Во
следните 2 години Карло бил зафатен со Саксонците па главните борби ги воделе
Пипин и Ерик од Фрули. Големиот прстен односно главниот град на Аварите бил
заземан два пати. Пленот бил испратен кај Карло во неговиот двор во Ахен и бил
раздаден на сите негови следбеници. Набрзо Аварите ја изгубиле волјата за
продолжување на воените дејствија па така тие тргнале кон Ахен да му се
предадат на Карло и да му се потчинат како вазали и христијани. Карло го
прифатил нивното предавање и испратил еден од нивните големци кој бил крстен со
името Аврам назад во Аварија носејќи ја древната титула хаган. Во 800 година
Бугарскиот хан Крум го нападнал остатокот од државата на Аварите.
Во 803
година Карло испратил огромна Баварска армија во Панонија која имала за цел да
и стави крај на конфедерацијата на Аварите. Истата година во Регензбург
водачите на Аварите го признале Карло за свој владетел. во 805 година Аварскиот
хаган кој веќе бил покрстен побарал од Карло дозвола неговиот народ да се
насели на југоисток од Виена. Подунавските територии останале дел од Франкското
кралство се до доаѓањето на Маџарите 900 година од новиот век.
Крунисување за
цар
Во доцните 790-ти, папата Лав III бил во голема неволја. Канцеларијата на папството станал награда која
требало да се освои во одмаздите и битките помеѓу благородничките Римски
семејства, а овие одмазди често влијаеле врз судбината на папите.
Во 799
избил бунт против папата, кој бил водел од ривалите на неговото
семејство.Папата бил нападнат додека се движела поворката бил претепан и
затворен некое време. Тој побегнал , го напуштил Рим и побарал помош во дворот
на Карло. Фракцијата која се побунила поднела обвинение против папата кај Карло,
кој сега станал арбитар меѓу двете засегнати страни. Не постоел никаков
авторитет во Рим компетентен да му суди на папата, но затоа пак кралот имал
голем углед. Карло лично заминал за Рим каде што го повел и папата Лав за да се
реши спорот кој постоел. На 23 декември 800 свикал собор на архиереи и
благородници. Папата Лав се заколнал дека е невин а советот го ослободил од
обвинението. Со кралската армија во близина, никој не можел да се спротивстави
на наодите на советот.
Карло
отишол на мисата во црквата св. Петар. Самиот Папа говорел на мисата, а
присуствувале и благородниците на Карло како и локални Римјани. Тоа бил голем
настан. Најголемиот крал во тоа време заедно со највисокиот архиереј, заедно на
еден од најголемите христијански празници.
Кога Карло
клекнал пред олтарот да се моли, папата зел круна и му ја ставил на главата и
го прогласил за Римски Император ( Imperator
Romanorum ). Луѓето
кои присуствуваа во црквата , високиот клер и кралските благородници ја
извикале традиционалната акламација со која го поздравувале новиот император : "За Карло Август, крунисан од Бога, миротворец, живот и
победа!".
Со овој чин, Карло станал Римски цар.
Тој бил првиот на запад да го добие таа титула откако 476 Одоакар го симнал од
власт последниот Римски император Ромул Августул.
Главното
прашање било : Чија идеја била ова крунисување, на
Карло или на папата.Кој би имал корист од тоа. Некои тврдат дека тоа била идеја
на папата бидејќи имал потреба од постојан заштитник од неговите непријатели.
Само Римски император би му дал легитимитет за папската власт над папската
држава, којашто припаѓала на Источно - Римскиот император се до мигот кога
Пипин успеал да ја одземе од Византија.
Други
мислења се дека Карло го организирал тоа. Се истакнува дека неговите советници
сакале царската титула да ја добие Карло. Го советувале дека само како еднаков
со Византиските цареви тој би можел да биде во позиции да преговара. Самиот
Карло бил благонаклонет кон овие амбиции. Но сите докази велат дека тоа бил
изненаден тој Божиќен ден.
Значењето
на тој чин било големо. Го означило доаѓањето на нов наследник на Римската
империја и противник на Византијците. Овој наследник ќе се нарекува Света
Римска Империја.
Каролиншка
ренесанса
Карло не
бил научник, но имал голема почит кон нив и сакал да го заживее учењето на
неговиот двор. Сакал да слуша познати класици како делото на св. Августин "Божјиот град", учел грчки и латински иако зборувал
само франкски. На неговиот двор ги собрал најголемите интелектуални умови во
тоа време. Еден од нив бил Алкуин, саксон по потекло кои што основал школо во
во Аи ле Шепел. Таму биле и Петар граматичарот од Пиза, Павле ѓакон, исто така
од италија кој ја напишал историјата на Лангобардите. Таму биле и Ајнхард ,
кралскиот биограф и Теодулф Визоготот од Шпанија.
Многу од
научниците доаѓале од манастири. Едно од најважните намени на манастирите е да
го зачува учењето, главно преку препишување на книги. Поголемите манастири
имале свои школи.
Во 913
Карло го повикал Луј Благочестивиот, крал на Аквитанија на неговиот двор.Таму
лично го крунисал за совладетел и го испратил назад во Аквитанија. Есента ја
поминал ловејќи во шумите близу Ахен.На 1 ноември добил пневмонија. Во длабока
депресија поради неговите незавршени планови и на 21 јануари тој починал. Бил
погребал истиот ден во катедралата во Ахен. Една приказна раскажана од Ото од
Ломело, гроф на палатата во Ахен во времето на императорот Ото III тврди дека тој и императорот го нашле гробот на Карло. Тврдат дека го
нашле императорот Карло како седи на пресолот, носел круна на главата а во
неговата рака го држел жезолот а неговото тело било скоро нераспадното. Во 1165
година Фридрих I Барбароса ја отворил гробницата и го
ставил Карло Велики во саркофаг под подот на самата катедрала. 1215 Фридрих II ги положил останките на Карло во нов ковчег направен од злато и сребро. По неговата
смрт Карло Велики бил наследен од неговиот син Луј Благочестивиот.
Я думаю, у вас есть отличная статья, но позвольте мне поделиться со всеми вами здесь о моем опыте работы с кредитором по имени Бенджамин Ли, который помог мне расширить мой бизнес с помощью своей кредитной компании, которая предложила мне сумму кредита в размере 600000,00 долларов США, которую я использовал раньше обновить мой бизнес несколько месяцев назад. Ему было действительно здорово работать с ним, потому что он Нежный человек с добрым сердцем, человек, который может слушать ваше сердцебиение и говорить вам, что все будет хорошо, когда я связался с мистером Ли, на моей странице в Facebook появилась его реклама. Затем я посетил его офис в Мичигане, чтобы обсудить кредитное предложение, которое он и его компания предоставляют. Он дает мне понять, как проходит весь процесс, и я решил попробовать, чтобы оно было успешным, как он и обещал, да, я ему верю, Я доверяю ему, я полагаюсь на него также во всех моих проектах, он будет моим дорогим финансовым директором, и я рад, что мой бизнес, вероятно, идет хорошо, и я собираюсь сделать мой бизнес с его помощью расти, как трава. Он работает с отличные инвесторы и знаете что? Они также выдают международные займы. Разве это не здорово слышать, когда вы знаете, что с каждым днем растет множество бизнес-проектов, в вашем сердце надеясь, что вы собираетесь получать доход от этой работы, чтобы собрать деньги для проекта, Ops, тогда мистер Ли поможет вам с что, да, международная ссуда, он поможет вам в этом отлично, потому что я очень доверяю ему в такой работе. Смотри, не стесняйся и не затушевывай, возможно, попробуй мистеру Ли здесь его контакт: 247officedept@gmail.com
ReplyDelete